Поради војните и бомбардирањата, не очекува пекол во 2019

Бројот на заболени од карцином на подрачјето на поранешна Југославија драстично е зголемен од 2019 година затоа што осиромашениот уран од НАТО-бомбите има најсилно влијание по 20 години, тврди познат онколог.

Сега во Србија има 35.000 луѓе заболени од рак, а за три години бројката би можела да стигне и до 70.000.

На Србија за три години и се заканува вистинска епидемија на заболени од карцином затоа што осиромашениот уран кој останал од НАТО-бомбардирањето во 1999 година најсилно дејствува на човечкиот организам по 20 години, тврди за "Информер# познатиот онколог Владимир Чикариќ.

Според неговите зборови, во Србија во моментов имаат 35.000 луѓе заболени од рак, а по 2019 година тој број би можел да стигне и до 70.000 затоа што ефектот од осиромашениот уран во Косово се шири низ целиот регион.

Најлошото допрва доаѓа
Чикариќ открива дека бројот на малигни заболувања во Србија по НАТО-бомбардирањето е зголемен за 110 проценти и предупредува дека најлошото допрва следи.

Србија е прва во Европа според бројот на смртност од тумор, а има речиси трипати поголема смртност од карцином во однос на светскиот просек. Причината за тоа е што правта од осиромашениот уран во регионот на Косово е проширена низ целиот регион.

Сите го имаме вдишено тоа
Поради тоа сега имаме драстичен пораст на заболувања од леукемија и лимфом, но и сите други видови карцином. Но, најлошото допрва следи. Имено, осиромашениот уран најмногу дејствува по 20 години и тогаш здравите клетки најмногу ги претвора во карцином.

Тоа значи дека од 2019 година од карцином годишно ќе заболуваат многу поголем број луѓе, а според некои проценки, дури 70.000, што е двојно повеќе од сега.

"Ни претстои вистинска здравствена катастрофа која не можеме никако да ја спречиме#, предупредува онкологот.

Специјалистот за атомско-биолошко-хемиска одбрана открива дека најголемата количина осиромашен уран, дури 15 тони, е фрлена во Косово и Метохија.

Проектилите со осиромашен уран се фрлени на дури 81 локација на Косово и Метохија, и девет во јужна Србија. Испалени се повеќе од 31.000 проектили, а најлошо мина населението во Плачковица, место што се наоѓа покрај Врање.

Таму радијацијата е енормно голема, а работата да биде уште полоша, тој рид се наоѓа на само 600 метри од центарот на Врање, а луѓето таму ги водат децата на излет. Покрај оваа локација, во Србија има уште неколку критични места во Пчинскиот округ, Бујановац и кај Прешево.

Овие подрачја се оградени со бетонски столбови, а поставени се и табли за предупредување, додека жителите се информирани за опасноста.

Тој напоменува дека ситуацијата е алармантна и дека тие кои го бомбардираа овој предел веднаш треба да го отстранат уранот од земјата. Оставена е голема количина уран на чување, чие време на распаѓање е дури 4,5 милијарди години. Радијацијата ќе почне масовно да не убива нас и нашите деца.

Поврзани

Најнови вести

Коментари