Поповски, Димовски или Мицковски... кој е идниот претседател на ВМРО ДПМНЕ?!

Над 600 делегати на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово најверојатно изберат меѓу Илија Димовски, Никола Поповски и Христијан Мицковски. Според истите извори, Антонио Ммилошоски, и Никола Тодоров најверојано ќе застанат зад кандидатуирата на Илија Димовски, иако од нив Никола Тодоров, се уште има и лидерски амбици.

Зад координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски застанал најголем дел од пратеничка група, како и повеќето членови на ИК, а Димовски поддршка има и од дел од ветераните на партијата. Од друга страна пак актуелниот генерален секретар Христијан Мицковски и самиот најави можност за кандидатира, а меѓу новинарите постои заклучок дека Христијан Мицковски има најголема поддршка од лидерот на партијата Никола Груевски. Но, Мицковски според аналзиата на висок партиски функционер тешко би поминал во базата. Своја шаса има и гледа и поранешниот министер за надворечни работи Никола Поповски, кој има поддршка во членството, особено во Скопје и поголемите градови, како и кандидат кој најбрзо би ги подобрил релациите со меѓународната заедница, пред се со Брисел и Вашингтон, што во овој момент е силен аргумент.

Партиските анкети велат дека три кандидати се најбилску и до кандидатурата, и до изборот за нов претседател на ВМРО ДПМНЕ: Никола Поповски, Илија Димовски и Христиан Мицковски. Добар рејтинг има и Антониот Милошоски, како и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и нема да биде чудо ако сепак еден од нив се најде на листата за избор на Конгресот.

Очекувано е дека доколку има повеќе кандидати за претседател на ВМРО ДПМНЕ оние кои нема да поберат да бидат потпретседатели во партијата со што би се намалиле можностите за постиборни фрамкции, а би се групирале и обединиле силите внатре во партијата кои стојат зад секој од овие кандидати одделно.

Извесно е дека Никола Груевски, по сопствен избор, после речиси 15 години заминува од чело на партијата откако имаше 10 изборни победи над СДСМ, и само еден пораз на последните, локални избори. И самиот тој на чело на партијата на Конгресот во Охрид победи со противкандидат, во тое време противкандидат му беше Марјан Ѓорчев.

Шпекулациите дека тој лично ќе избере свој наследник не се покажаа точни, туку дека изборот на кандидати за нов претседател на партијата ќе се врши пред се според рејтинзи, и тоа едни во рамките на партиското членство и други анкетирања меѓу сите граѓани. Од сите четвроца фаворити само за Илија Димовски се води постапка по обвинение од СЈО но, тоа нема да биде фактор за попречување доколку анкетите, а потоа ид елегатите на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека тој би бил личноста која најмногу одговара на сегашните и следни предизвици.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари