Како се поделени 100 милиони евра

Политичкото подземје демаскирано: Соросоидите сами себе се осниваат и глумат невладин сектор

Соросоидите се мрежа од фингирани - лажни невладини организации, а мрежата е создадена за мал круг луѓе да подели 10 милиони евра годишно меѓу себе (пет милиони од Сорос Македонија плус 5 милиони од Сорос Унгарија и дипломатски извори) како и да се создаде виртуелна, лажна слика дека во Македонија има 46 автономни невладини организации кои во суштина се само регистрација на една Сорос организација во друга, а зад сите стои група од 20-ина луѓе кои го уништуваат автентичниот невладин сектор, перат пари и сакаат власт без избори

30 луѓе делат 5 милиони евра. Фондацијата СОРОС го окупира просторот на цивилното општество. Овие луѓе кои не се само блиски туку во многу наврати се и членови на СДСМ глумат цивилно општество со фиктивни организации кои се основани од истите 30-ина луѓе.

Како што пишува весникот Вечер, Соросовите луѓе сакаат да бидат на власт иако не се појавуваат на избори. Последно, тие тврдат дека и покрај освоените пола милион гласови, премиерот Никола Груевски немал легитимитет да спроведува попис, но затоа авторитетот го имале овие организации, иако никогаш до сега не излегле на избори.
Матицата на овие организации е ФОНДАЦИЈАТА СОРОС, која има буџет од околу 5 милиони евра и тие пари ги дели на овие организации кои многу често ги сочинуваат истите луѓе.
Па така, СОРОС се појавува како основач во НВО Инфоцентарот, во асоцијацијата ЈАДРО, во Македонскиот Центар за Европско образование, во Фондацијата Метаморфозис, а нејзини активисти се основачи и во 5-ти Септември и во ФОРУМ.
Сите овие организации функционираат координирано од својот финансиер, а во многу наврати еден човек во исто време е основач или вработен во неколку невладини организации.
До пред еден месец, СОРОС го водеше Владимир Милчин кој со години беше функционер на СДСМ, сега за директорка е поставена Фани Карамфилова.

 

Според изворите од фондацијата, активностите на СОРОС и СДСМ ги синхронизира Радмила Шекеринска, која инаку е подалечен роднина на Милчин. Нејзината сестра, Лидија Шекеринска, работи во МЦЕО, една од Соросовите организации, а таму е вработен и Бојан Маричик кој е сопруг на пратеничката на СДСМ, Маринела Тушева, на проекти во МЦЕО анга'ирана е и функционерката на СДСМ, Лидија Димова.

Пред да дојде на чело на фондацијата СОРОС, Фани Карамфилова работеше во МЦЕО. И оваа организација е основана од СОРОС.

Тука е Хелсиншкиот комитет во чиј Управен одбор членува Љубомир Фрчкоски, ексминистер на СДСМ.

Пред неколку години македонската јавност беше бранувана од организацијата Плоштад Слобода, која е основана од СОРОС, а ја водат братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски. И поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, Мирослав Грчев.
Тука е и Форум кој го водат Ѓунер Исмаил, неговата ќерка Соња и Сашо Орданоски - кој истовремено е дел и од Транспартентност Македонија, но и од Форумот за безбедносни истражувања.

Организацијата Метаморфозис која е основана од СОРОС во исто време е основач на неколку други организации, но и на медиуми како Плусинфо или Мета.

Сепак најинтересен е примерот со организацијата "Факултет за работи кој не се учат# во која како основачи се појавуваат скоро сите македонски соросоиди, а е толку фиктивна што на интернет за неа нема скоро ништо.
Мрежата на СОРОС ја сочинуваат околу 30-ина луѓе, истите се истовремено во неколку организации - ова значи само едно, некој се обидува да фингира невладин сектор, со тоа да ќари милиони, но истовремено и да помогне на СДСМ.

ИВОНА Талевска

Овие слики се направени врз основа на јавно достапни податоци на веб сајтовите на Фондацијата Сорос и организациите основани од неа. Сорос оснива една, па друга или трета организација, овие организации и нивните раководни лица се јавуваат како основачи на нивни ќерки-организации и така се стига до бројката од над 46 невладини организации формирани од Фондацијата Сорос кои имаат превласт во СДСМ. Овие невладини организации во изминатите 25 години во земјава имаат улога да го донесат СДСМ на власт без избори и да ги уриваат легалните др'авни институции со насилство.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари