Полициска рација низ прилепските и битолските кафеани (Видео)

Засилено полициско присуство во повеќе кафулиња и барови во Прилеп и Битола. Според информации нa „Макфакс“, МВР во координација со УЈП, викендов спроведува акција во повеќе локали низ градовите. Како што дознаваме, полицијата започнала со проверки од 22 часот вечерва а се проверуваат кафулиња, дискотеки, ресторани и барови за нелегално точење алкохол на малолетници, непочитување на законот за пушење и неиздавање фискални сметки.

Од МВР не откриваат во колку локали досега се забележани неправилности во работата. Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Минатиот викенд МВР спроведе акција во Скопје по што 13 локали беа затворени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари