Покрената он-лајн петиција за оставка на членовите на ДИК

Повеќе од 1.500 луѓе досега се потпишале на он-лајн петицијата со која се бара оставка од членовите на Државната изборна комисија (ДИК), откако во јавноста беше објавено дека земале огромни бонуси.

-Бараме оставка на деветте членови на Државната изборна комисија (ДИК) заради неетичко однесување и кршење на „Принципите за работа“ објавени на веб-страницата на ДИК кои меѓу другото гласат: „Постојано вршиме само-евалуирање, затоа што сакаме постојано да ја унапредуваме нашата работа и секој нареден изборен циклус да биде подобар од претходниот. Притоа ја зголемуваме ефикасноста, ја спроведуваме работата со помалку напор, и ја зголемуваме ефективноста со што ги намалуваме трошоците за својата работа – се наведува во петицијата.

Деновиве во јавноста излегоа информации дека платата на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се движи помеѓу 60.000 и 70.000 денари и дека во изминатите 18 месеци, во три наврати, си доделиле вкупно 12 надоместоци.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари