Поддршка на туристичките услуги во Крива Паланка

Ќе се подобрува квалитетот на туристичките услуги во прекуграничниот регион преку зголемување на квалификациите и стимулирање на претприемништвото меѓу младите

Ова, како што беше речено денеска на прес-конференција, е целта на проектот од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Преоектот ќе трае 15 месеци, а го имплеменитира здружението „Младински општински совет" од Ќустендил во партнерство со здружението „Регионален центар за сорабока Спектар" од Крива Паланка.

Според Методи Цвековски од „Спектар", при подготовката на проектот е направено истражување во областа на претприемништвото во двата региона, Ќустендилска област и Североисточниот во Македонија, и се констатирани потешкотиите и предностите во областите од двете страни на границата.

- Проектот пред се предвидува зголемување на квалитетот на туристичките услуги во прекуграничниот регион преку подобрување на квалификациите и стимулирање на претприемништвото, а целна група се млади над 18 години, невработени и студенти, истакна Цветковски.

Предвидена е изработка на акциски план за поддршка на туризмот врз основа на кој ќе се градат соодвени туристички продукти.

- Ќе има специјализирани обуки за млади претприемачи во туризмот од двете страни на границата, он-лајн плаформа за одредени понуди во областа на туризмот и он-лајн консултации, со достапност на експерти во областа одреден период, кои ќе им помогнат на сите што сакаа да ги развиваа постоечките бизниси или да отворат нови компании-дополни Цветковски.

Активностите од проектот ќе се заокружат со настан за создавање мрежа на млади претприемачи во областа на туризмот.

- Ова е переспективна и една од најпродуктивните области во двата региона која доколку добро биде развиена ќе придонесе за голем профит и бенефит на областите. Се надевам ова ќе придонесе за поголема туристичка понуда и генерирање работни места. Особено сме благодарни за поддршката која ја имаме од локалната самоуправа на Крива Паланка, потенцира Цветковски.

Ова е четврти по ред проект на „Спектар", финансисран од ИПА, насочен кон економски развој и создавање услови за подобра соработка меѓу двата региона. Претходниот проект кој овозможи соработка меѓу винарит беше еден од 100-те најуспешни добри практики во рамки на ИПА проектите на ЕУ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари