73-годишен маж

Почина уште еден затвореник од Идризово

Вчера околу 11 часот во Скопје во Клинички центар „Мајка Тереза" починал 73-годишниот М.А. од Гостивар кој бил на отслужување на казна затвор во КПУ „Идризово" во времетраење од 4,5 години

Истиот, велат од полицијата, на лекување бил донесен на 2 јануари, прво на Клиника за нефрологија, а откако му се влошила состојбата, на 3 јануари бил префрлен на „КАРИЛ", каде и починал. Телото на починатиот било предадено на обдукција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари