Интервју: Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец

Петровец е најпривлечна дестинација за инвестирање

Општина Петровец успеа да ги искористи сите свои компаративни предности, местотположбата, близината на Аеродромот "Александар Велики" и одличната сообраќајна поврзаност со сите делови на државата и со донесувањето на Планската документација отпочна со нов инвестиционен циклус во општината. Урбанизиравме за лесна и незагадувачка индустрија површина од околу 400ха и на истите привлековме околу 120 инвеститори кои купија земјиште и во тек е вадењето на документација за раелизација на нивните инвестиции

Како градоначалник на општина Петровец дали и што имате инвестирано во инфраструктурата во општина Петровец?

- Инфраструктурата е еден од најзначајните сегменти на општествениот живот и област која ги засега сите граѓани без оглед на возрасната, етничката и политичката припадност на граѓаните и токму од овие причини во текот на изминатиот период општина Петровец посвети најголемо внимание. Во таа смисла се реализирани и изградени следниве ифраструктурни проекти: изградени се водоводи во населените места Петровец, 'Ржаничино, Чифлик, Горно Коњари и канализациони мрежи во Петровец, 'Ржаничино, Катланово, а во тек е изградбата и во населеното место Горно Коњари. Исто така врз основа на Годишната програма за изградба, реконструкција и изградба на патната мрежа на територија на општина Петровец, изградени се, поплочени со павер елемнети или се асфалтирани голем број улици во сите населени места. Должината на овие локални улици изнесува повеќе од 5 км, а исто така изграден е и локалниот пат помеѓу населените места Огњанци и Петровец.

Образованието и вложувањето во него е од големо значење затоа што претставува вложување во нашата иднина, вложување во младите. Што прави општина Петровец на овој план?

-Сите знаеме колку е битно образованието и вложувањето во него за развојот и напредокот на секоја држава. Општина Петровец вложува големи напори и посветува големо внимание за да им овозможи на учениците да имаат што подобри услови на следење на наставата во училиштитата. Во изминатиот период ги имаме целосно реновирано училиштата во сите населени места. Во населеното место Петровец изградивме ново современо училиште во вредност од 85.000.000,00 денари.
Не ги забораваме и најмладите наши сограѓани и затоа во населеното место Петровец започнавме и во тек е изградбата на новата детска градинка со капацитет од 80 дечиња и која заедно со постоечката во целост ќе ги задоволи потребите за згрижување на децата во претшколска возраст.

Како уште еден сегмент од општественото живеење се спортот, културата и правилниот развој на младите генерации кои преку овие активности се оддалечуваат од современите пороци на денешнината. Што презема општина Петровец во оваа насока?

-Бидејќи во општина Петровец постојат 3 фудбалски клуба, за истите изградивме фудбалски стадион во населеното место Петровец и две фудбалски игралишта во населените места Долно Коњари и Средно Коњари, но не ги забораваме и другите населени места каде исто така изградивме фудбалски терени како што се во Огњанци и 'Ржаничино. За најмладите изградивме 5 забавни паркови, а за младите тенисери двоен тениски терен во населено место Петровец. Во рамките на нашите можности ги помагаме сите спортови, а посебно најтрофејниот клуб, таеквондо клубот Катилеа од населено место Петровец.
Во дворот на Основното училиште "Кочо Рацин" покрај новото училиште и двојниот тениски терен е изградена и прекрасната спортска сала која ја користат како учениците така и спортските клубови, но и сите рекреативци кои сакаат да спортуваат, со што намената на оваа спортска сала е комплетно реализирана.

За развојот на секоја општина е најбитен економскиот развој и можноста на истата да ги убеди инвеститорите да вложуваат токму во нивната општина. Која е Вашата стратегија во овој правец?

-Може ќе звучи нескромно, но фактите зборуваат дека во последниве неколку години општина Петровец е најпривлечна дестинација за инвестирање, не само на домашните туку и на странските инвеститори. Општина Петровец успеа да ги искористи сите свои компаративни предности, местотположбата, близината на Аеродромот "Александар Велики" и одличната сообраќајна поврзаност со сите делови на државата и со донесувањето на Планската документација отпочна со нов инвестиционен циклус во општината.
Урбанизиравме за лесна и незагадувачка индустрија површина од околу 400ха и на истите привлековме околу 120 инвеститори, кои купија земјиште и во тек е вадењето на документација за раелизација на нивните инвестиции. Неколкумина веќе ги изградија своите објекти, а неколкумина поставија камен-темелници.
Влезот на овие инвестиции за општина Петровец претставува можност за намалување на невработеноста, прилив на финансиски средства и севкупен развој на општината.

Кои се Вашите планови за наредниот период?

Бидејќи потребата од уште урбанизирано земјиште расте, работиме на проширување на најактрактивната зона, Мултифункционалната зона Ќојлија за уште 28 ха и овој проект е во завршна фаза. Изработуваме планска документација за уште 3 викенд-населби во населениете мета Бадар, Средно Коњари и Катланово. Во план сме да го реконстрираме Културниот дом во населеното место Катланово, да ги изградиме патиштата до православните гробишта во населените места Петровец и 'Ржаничино, ќе изградиме канализациона мрежа во населено место Ќојлија, но и да го реконструираме кровот на ПО "Кочо Рацин" во населено место Огњанци.
Ова е само мал дел од она што е направено, но и мал дел од она што планираме да го направиме во општината. Сето ова може да го видите ако ја посетите нашата општина која е влезот на нашиот главен град.
Ние не застануваме тука, секогаш мислиме дека може повеќе да се направи и затоа и во иднина ќе продолжиме да работиме со исто темпо, во интерес и за доброто на сите што живеат во општина Петровец.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари