Пеливанов: Снимање на судењата се бара само за предмети на СЈО

Обвинителот Трајче Пеливанов од СЈО рече дека истрагата за “Транспортер” е завршена во 2016 година и дека известување за завршена истрага обвинетите добиле во септември и октомври 2016 година.

Обвинението е покренато во април 2017 година. Досега никој од обвинетите не побарал доказите да им бидат дадени во писмена форма, рече Пеливанов.

„За првпат се бара снимање на судењата само за предметите на СЈО“, изјави обвинителот од СЈО.

Адвокатите на обвинетите изнаоѓаат различни причини само да се одложи судењето.

В.М.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари