Ова се ТОП ПЕТ уредници на Вечер на сите времиња!

Во февруари 2006 година сопственикот на Европскиот универзитет Скопје, Бојо Андрески, го купи дневниот весник Вечер. Во име на претходните сопственици, по само еден месец преговори, договорот го склучи познатиот маркетинг експерт Иво Лауренчич. Претходно, новинарот и уредник во Сител, Драган Павловиќ Латас, до купувачот Бојо Андрески и продавачот Иво Лауренчич поднесе проект за идната организација на Вечер, неговата вредност и пазарна позиција.

Кога Бојо Андрески го купи Вечер весникот имаше долгови од близу 300.000 евра, вработените трет месец чекаа плата, а тиражот беше само 2.000 примероци.

Со одлука на сопственикот Бојо Андрески за главен и одговорен уредник на Вечер беше избран Драган Павловиќ Латас, за заменик Ивона Талевска а помошник Весна Мичиќ Божиновска. Директор, од првиот ден до денес, е Бобан Богдановски Андрески.

Од февруари 2006 во наредните години Вечер ги плати сите долгови, целосно е купена нова техника, инфраструктура и изградена нова редакција, и 11 години работи без загуби. Тиражот на весникот се движи од 7 до 10.000 продадени примероци, од кои околу 2.500 промероци по систем на претходна претплата од компании, граѓани и установи. За сите 11 години весникот е воден од истиот тим кој го презема Вечер во февруари 2006.

Вечер има долга историја на своето постоење. Речиси и да нема успешен новинар или уредник во Македонија кој барем дел од својата кариера не поминал во Вечер, а потоа сте го гледале, читале или слушале во друг медиум.

Во 54-те години постоење дневниот весник Вечер имал 17 главни и одговорни уредници, сите до еден меѓу врвните новинари во своето време. Ако ги погледнеме годините наназад, и времето кој колкав печат оставил зад себе во најпопуларниот дневен весник во Македонија на сите времиња, ќе ги најдеме петте топ уредници на Вечер, од 1963 година - па се до денес.

Ова се сите досегашни главни и одговорни уредници со замениците:

Прв главен и одговорен уредник беше Панче Михајлов од октомври 1963 до јуни 1965 година. Заменик Јордан Ивановски а потоа Милчо Коцев.
Јордан Ивановски раководеше со ВЕЧЕР од јуни 1965 до октомври 1970 година. Заменици Милчо Коцев и Борис ПОП Ѓорчев
Милчо Коцев беше третиот главен и одговорен уредник од 7 октомври 1970 до 14 февруари 1974 година. Славко Маринковиќ а потоа Гроздан Попов.
Мирко Миронски во три мандати беше главен и одговорен уредник на ВЕЧЕР. Прв пат беше именуван во февруари 1974 и функцијата ја извршуваше се до март.1986 година.Заменици Бранислав Калеников, а потоа Душко Стрезов.
Бошко Нацевски од 26.03.1986 до 13.07.1988 година. Заменик Душко Стрезов.
Гоце Контевски од јули.1988 до март 1989 година.
Златко Блаер 01.03.1989 до 31.07.1990 год. Заменик Александар Ивановски.
Александар Ивановски главен и одговорен уредник од 19.01.1991 до 31.12.1992 год. Заменик Стојан Насев
Стојан Насев од јуни 1993 година до 1998 година. Заменик Тодор Наумчевски.
Горан Михајловски од 1998 - 2000. Заменик Тодор Наумчевски.
Владимир Тулевски мај 2000 - декември 2000.
Зоран Димитровски 2001-2002. Заменик Дарко Јаневски.
Димитар Ѓузелов 2002-2003. Заменик Маријан Велевски.
Владимир Тулевски 2003-2005 мај. Заменик Предраг Димитровски.
Предраг Димитровски мај 2005-2006 февруари.
Драган Павловиќ Латас од февруари 2006 до октомври 2012
Заменик - Ивона Талевска
Ивона Талевска, Главен и одговорен уредник - од октомври 2012 до август 2017 година, заменик Весна Мичиќ Божиновска.

Па, според оставениот печат зад себе и времето минато на кормилото на Вечер - ова се најдобрите пет уредници на Вечер на сите времиња:

Мирко Миронски, Главен уредник ( 1974-1986) - 12 години

Драган Павловиќ Латас, Главен уредник (2006-2012) - 6 години и 8 месеци

Стојан Насев, Главен уредник (1993-1998) - 5 години и 6 месеци

Јордан Ивановски, Главен уредник (1965-1970) - 5 години и 4 месеци

Ивона Талевска, Главен уредник (2012-2017) 4 години и 10 месеци

Поврзани

Најнови вести

Коментари