Што навистина се случуавло со нас изминативе 10 години

Ова е Македонија. Бројки. Се друго се приказни

Политичарите си ја вршат својата работа кога раскажуваат приказни: ќе го вратиме сјајот на градот, Македонија ќе биде пристојно место за живеење, ќе запре криминалот по улиците и корупцијата, здравството ќе биде бесплатно а yмладите учени луѓе само со нас ќе најдат работа,ќе пораснат платите ако гласате за нас ... едни исти фрази од избори, до избори, од сите партиски страни. Но, животот во општетсвото и политиката се што е важно се пресметува и искажува - во бројки: вработеност, задолженост, инвестиции, криминал... што велат бројките, единствено во нив и може да се верува и, за разлика од зборовите и приказните на политичарите, со нив се соочуваме и нив ги чувствуваме секој ден.

Да ги разгледаме 10-те најжешки политички и изборни теми и животни потреби, без пристрасност или емиции, исклучиво со мерење на состојбата и резултатите. Споредбите и оценките за состојбите се со прикажување на службени статистички податоци од државниот Завод за статистика кој работи според модел и под мониторинг на ЕУ, односно Еуростат.

1. Прва тема од интерес, според анкетите, е вработеноста. Што било со неа за овие 10 години?

Во 2006 година, со заминувањето на владата на Владо Бучковски, Македонија имаше стапка на невработеност од 37,2. Владата на Зоран Заев стратува со невработеност од 22,7% или околу 15% помалку невработени, во меѓувреме за 10-те години бројот на вработени пораснал од 570.404 на 723.550 вработени.

2. Втора тема од интерес за граѓаните - се платите. Како тие се движеле изминативе десет години.

Тука гледаме две категории кои раснат. Едната е номинална плата, односно она што се заработило како износ, а другото е виолетовата линија која расте, реални плати што е показател на реалната куповна моќ со платата, бидејќи паралелно со растот на платите растеле и цените, инаку од каде би пораснале платите ако вашиот труд или понуда не е поскапа од вчера? Кога Груевски ја преземал владата во 2006 платите биле со индекс 100, кога неговата партија ја предала власта на СДСМ, платите биле околу 60% поголеми отколку 10 години претходно. Реалната куповна моќ на граѓаните за тој период 2006-2016 се зголемила за околу 40%.

3. Иселување. Многу често за потреби на партиските пропаганди се употребува фразата дека луѓето бегаат од Македонија, масовно се иселуваат, бидејќи тука немаат основни услови за живот. Дали работите навистина стојат така? Еве ги бројките, податоци според модел на Еуростат.

4. Образование. Нема демократија без писмен свет, нема економија, напредок ниту странски инвестиции ако државата нема школувана популација која може да одговори на современите барања. Дали изминативе 10 години имавме подобрување на тој план, повеќе школувани луѓе од порано?

Владата на Груевски инвестираше многу во образованието, особено во виското, и тоа значеше дека во однос на 2006 во 2016 Македонија имаше 10.000 повеќе запишани студенти, и околу 1.200 повеќе професори. Но, во средното образование иако биле изградени 17 нови средни училишта, бројот на ученици во средно е опаднат. Уште полоша е состојбата со основното образование каде за 10 години бројот на ученици е помал за дури 50.000 иако бројот на наставници во основно е зголемен за повеќе од 2.000. Падот на наталитетот најавува уште помалку деца во училиштата.

5. Земјоделие. Битна економска и социјална гранка во Македонија. Ако некаде се инвестираа државни пари, околу 900 милиони евера низ субвенции и поддршка за 10 години, тое е земјоделието. Но, за разлика од првите четири успешни категории, онаму каде што најмногу се инвестираше - во земјоделието, владата на Груевски не ги доби очекуваните резултати согласно вложените пари. Приносот од основните земјоделки култури бележи раст, но не соодветен на она што земјоделците го добија како пари и бенефиции од државната каса. Каде е проблемот? Веројатно немање добар менаџмент, образование за фармерите и странски инвеститори во агараот.

6. Градежништво. Никој неможе да спори дека изминатите десет години беа за многумина неочекувана градежна експанзија, и во јавниот и во приватниот сектор. Бројките го докажуваат тоа. Особено многу е градено во патишта, транспортната инфраструктура и индустријата.

7. Стапка на криминал. Многу употребувана тема во партиските препукувања, а никогаш не видовме бројки за да знаеме што од кажаното е издржано, а што е само пропаганда. Ако се спореди периодот од 2006 година со годините потоа, заклучно со 2016 година, ќе се види дека во најголем дел на кривичните дела криминалот е опаднат. Стандардот се покачил, тоа е една од причините но, полициската и судска организација и пракса се највлијателен дел за успехот.

8. Наталитет и етничка структура. Дражавата, за да постои и функционира, мора да има луѓе. Ниваната етничка структура, барем кај нас, битно влијае на политичките одлуки и процеси. Немаме попис, и не знаеме кој етничка структура со кој процент, навистина, учествува во државата но, затоа ги имаме прецизно дадени бројките за новата генерација деца која ќе ја има иднината во оваа Македонија. Табелата покажува и дали има мешани бракови, и меѓу кои етнички заедници. Интересно е дека од 12.047 деца колку родила мајка Македонка само кај 47 таткото е Албанец, додека од 7.774 новородени деца од мајка Албанка, кај 196 таткото е Македонец. Највисока стапка на родители од мешани етнички заедници има помеѓу Македонците и Србите. 

9. Имиња. На крај, статистика за нешто што нема врска со политиката, за крајот да биде релаксиран. Кои имиња се најчесто давани на децата?

Ова е Македонија денес, и движењето и развојот на Македонија во изминатит десет години. Политичарите и нивните блиски следбеници имаат свои приказни, но приказните обично се наменети за децата. Бројките судат и даваат одговори за возрасните. (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари