Отстранет дел од лавината на патот Маврово-Дебар, сообраќајот се одвива по една лента

Во близина на манастирот Свети Јован Бугорски вечерва поради лавина дојде до прекин на сообраќајот на патниот правец Маврово-Дебар. Екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен, а местото каде што се урна лавина од снег го посети и градоначалникот на општина Маврово –Ростуше Медат Куртовски.

Тој  изјави за „Макфакс“ дека патниот правец поради лавината бил во прекин 50-тина минути, по што екипи на Македонија пат отвориле само една коловозна лента со цел сообраќајот да се деблокира.

Екипите на Македонија пат продолжуваат да го чистат патот. Раководителот на пунктот на претпријатието во Дебар, Деар Лимановски, информираше дека и во претходните години на истото место се случувале лавини. Инаку, денеска поради голем дефект на регионалниот далновод без електрична енергија е регионот на Долна Река.

КМ

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари