Самоопределување и Беса сакаат инциденти со СДСМ

Откако го одбија граѓаните, Заев поттикнува верски џихад на улица

Вечер прв дознава дека освен со Беса, членови на СДСМ и блиски со Зоран Заев ги зачестија контактите со радикалните екстремисти од косовско Самоопределување, со кои заеднички планира создавање нереди во мај. СДСМ преку нивниот хроничар Бранко Геровски и порачува на Владата дека не треба да соработува во Израел, затоа што во Македонија 'ивеат муслимани, за кои Евреите и Израел се непријатели.

Само во последниве години СДСМ прави проблем од македонската соработка со Израел во три наврати. Каде оди овој брод?

Зошто Зоран Заев прави кавга со Израел? Кому и зошто му е потребно Македонија да ја наруши добрата соработка со третиот насилен безбедносен систем во светот? Зошто Зоран Заев и СДСМ не ги откриваат донациите за безбедносните служби од САД или Турција, на пример, кои се многу побројни и веројатно поскапи од израелската, туку СДСМ упорно оди на растурање на соработката со Израелците?

СДСМ праќа расистичка и антисемитистичка порака
СДСМ преку нивниот хроничар Бранко Геровски и порачува на Владата дека не треба да соработува во Израел, затоа што во Македонија живеат муслимани, за кои Евреите и Израел се непријатели.
Само во последниве години, СДСМ прави проблем од македонската соработка со Израел во три наврати, иако на средбите со израелскиот амбасадор, редовно се жалат на состојбата во Македонија, а збор не спомнуваат за бизнис-зделките меѓу двете држави.
Најпрво, ја критикуваа македонската држава дека соработува со Израел за набавка на нелегални средства за прислушување. Второ, при официјалната посета на државниот врв, СДСМ излезе со став дека тоа е лош потег за Македонија, спротивен на европската политика за која се залага земјата, и трето, СДСМ сега откри договор кој преставува државна тајна и идентитет на луѓе претставници на израелската влада.

Зошто се удира на полицијата, а не на војската?
Освен податокот дека СДСМ удира на Јанкуловска, Мијалков, Јанакиески и Ставрески, кои се најблиските соработници на Груевски уште од времето кога премиер беше Љубчо Георгиевски, ударот врз државните институции е посилен и кога ќе биде урнат безбедносниот систем на Македонија. Зошто се оди на удар на полицијата, а не на војската?
Затоа што македонската полиција покажа неколку резултати кои ниту една регионална полиција не ги покажала во соработка со меѓународни институции, а тука се мисли на американските и европските.
1. Македонија има исклучително важни резултати во борба против организираниот криминал: трговија на луѓе и криумчарење дрога, за што земјата доби официјални признанија од САД и ЕУ.
2. Второ, стабилизирање на заканите од исламски радикализам во Македонија и Косово.
3. Изградба на системи за заштита од азиланти кои не го доведоа во прашање и безвизниот режим со ЕУ, како што е случај со Србија, на пример.
Колку и да барате во историјата наназад и официјално и неофицијално, не постои ниту една релевантна изјава, документ или акти на европска или американска институција со која се критикува или доведува во прашање работата и квалитетот на македонската полиција и нејзиниот професионализам.

Каде оди овој брод?
Новинскиот портал Нетпрес пред неполни 10 дена ексклузивно објави дека СДСМ и Зоран Заев кројат сценарија за инциденти. Нетпрес напиша дека СДСМ контактираат со членови на новата албанска партија Беса за предизвикување меѓуетнички инциденти.
Вечер прв дознава дека освен со Беса, членови на СДСМ и блиски со Зоран Заев ги зачестија контактите со радикалните екстремисти од косовско Самоопределување, со кои заеднички планираат создавање нереди во мај.
Според нашите информации, контактите на социјалдемократите со Косоварите најчесто се одвиваат на косовска територија, каде што се договараат деталите за насилствата во пролет.
Самоопределување е екстремна организација во Косово, која стои зад сите инциденти со српското население и сите судири со припадниците на КФОР во покраината. Со нејзините радикални структури не може да се справи ниту европската полиција, ниту војската на Косово, ниту КФОР.
Планот на СДСМ е, најрадикалните членови на Самоопределување со автомобили или во еден автобус во мај да дојдат во Скопје, каде заедно со членовите на Беса ќе предизвикаат инциденти на протестите на СДСМ, со што ќе се предизвикаат меѓуетнички конфликти во Македонија.
На ваков чекор раководството на СДСМ се одлучи откако ефектите од бомбата на Заев не ги постигнаа очекуваните резултати. Партијата најпрво најави дека ќе објави 10 бомби, потоа ја прошири листата на 15, па сега се 20 и на крајот најавија дека ќе траат не до Велигден, туку до средината на мај.
Македонските безбедносни институции знаат за овој процес во СДСМ и велат дека состојбата ја држат под контрола.
Од ДУИ и ДПА, неофицијално ни потврдија дека знаат за намерите на Заев и СДСМ, изразувајќи несогласување со ваквите постапки. Зошто? Затоа што доколку состојбата се радикализира, тоа значи дека ниту ДУИ, ниту ДПА немаат контрола на терен, што е состојба, која никако не им одговара на двете албански политички партии.

Што се случува во СДСМ?
Во СДСМ владее тотален хаос. На прес-конференциите на партијата кога се објавуваат бомбите, покрај Заев не е раководството на СДСМ. До него стојат тотални анонимуси и во СДСМ и во Македонија, кои како статисти треба да ги покријат постапките на Заев. Дури ни витканата Радмила Шеќеринска, чие основно делување во политиката е правење зло, ја нема на партиските прес-конференции на кои трчаше да стигне враќајќи се од нејзиниот стан во Белград.
Нашите партиски извори наведуваат дека материјалите од бомбата се чуваат во Кабинетот на претседателот на СДСМ, каде што смеат да влезат само 4 лица, покрај Зоран Заев: двајца се од Ѓорче Петров и двајца се од Струмица. Тие на смени спијат во неговиот кабинет случајно да не им се случи некоја диверзија на материјалите од бомбата, и им се закануваат на сите кои се доближуваат во близина на оваа канцеларија на „Павел Шатев".
Судската постапка за „Пуч" е во тек. Освен што е дел од оваа постапка, лидерот на СДСМ одговара и за „Поткуп", а обвинителството работи и на оддавање државна тајна, како и велепредавство.

ИВОНА Талевска

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари