Османлиските архиви откриваат дека Македонија никогаш не била грчка

Во 1993 година помошникот началник на Генералштаб на Турција, генерал Курмај Башканлиги заедно со генералот Ердоган Ознал во Анкара ја издадоа книгата под наслов „Македонија не е грчка".

Архивите на Турција како наследничка на Отоманската Империја располагаат со преголема документација за историската вистина и за Македонија и за Грција. Кај нас тие датотеки речиси воопшто и не се истражуваат, велат историчарите. 

Во оваа книга на 81 страници авторите претставуваат дел од османлиските архиви за границите на Македонија во рамките на Отоманската империја, табеларни прикази за бројот на жителите, територијата како и пописот на населението од 1904 година за тоа кои народи живеаат во Македонија и колкав е бројот на жителите пооделно за секој од нив.

Поврзани

Најнови вести

Коментари