Османи во работна посета на Србија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Србија, каде што ќе оствари средби со министерот за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, со претседателот на Одборот за европски прашања во парламентот, Ненад Чанак, како и со координаторот на Националниот конвент за ЕУ на Република Србија, Наташа Драгојловиќ.

„На средбата ќе бидат отворени темите за напредокот на односите меѓу двете земји, потенцијалите во рамките на регионалната соработка, како и европските перспективи на регионот во контекст на претстојните значајни настани, како што се: стратегијата за проширување, извештаите на Европската комисија за земјите од регионот, самитот за проширување во Софија итн“, соопштија од Кабинетот на Османи.

Посетата на Белград е дел од мини балканската турнеја што вицепремиерот Османи ја започна на почетокот на месецот со посетите на Атина и Тирана, а по посетата на Белград, ќе продолжи и со посета на Софија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари