Општина Прилеп: Се бара најдобро идејно решение за изградба на нов театар

Општина Прилеп категорично ги демантира дезинформациите објавени на денешната прес-конференција на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

„Конкретно за населбата „Три багреми“, со Одлука на Владата преку Министерството за транспорт и врски, на сметката на Општина Прилеп на крајот на минатата година се префрлени 2.5 милиона денари, средства наменети за извршување на градежните активности за поставување на трафостаница и други инфраструктурни зафати. Следната недела претставници од ЕВН, актуелниот пратеник Самка Ибраимоски- ексминистер без ресор и градоначалникот Илија Јованоски на средба во Прилеп ќе ги дефинираат следните чекори, во правец на натамошно подобрување на инфраструктурата во оваа населба, којашто претходната локална власт ја имаше оставено целосно на маргините“, се вели во реакцијата.

Во неа се додава дека за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од целата населба „Тризла“ во која живее претежно население од ромска националност, градоначалникот Јованоски остварил и посебна средба со овие жители, со цел да ги чуе нивните најголеми проблеми.

„Екипи од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ презедоа низа активности со кои се отстратени дефекти во мрежата и за подобрување на квалитетот на водоснабдувањето. Имајќи го предвид фактот дека поранешната локална власт од ВМРО-ДПМНЕ 12 години, целосно го маргинализираше театарот и оваа уметност во градот, градоначалникот Јованоски оствари средба со сите вработени во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“. Откако ги чу сериозните и бројни проблеми на театарските работници, коишто се во најголема мера поврзани со руинираниот објект во којшто работат, ги акцентираше уште еднаш своите заложби за изградба на нов театар во Прилеп“, се вели во соопштението.

Во насока на реализација на оваа крупна инвестиција во градот, градоначалникот остварил средби со надлежните со цел да се дојде во најдоброто идејно решение. Наскоро ќе биде остварена средба и со министерот за култура, Роберт Алаѓазовски со истата цел.

„Спиновите и конструкциите коишто ги продуцира прилепскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство се последица на огромното фијаско со кое што оваа партија се соочи на последните локални избори, кога граѓаните јасно им покажаа, дека не даваат веќе поддршка на популизмот, туку на локална власт која што реално се грижи за интересите на граѓаните“, реагира општината.

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари