Оливер Спасовски не се појави на распит во Обвинителство

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, вчера не се појави на распит во Обвинителството, бидејќи наводно не добил покана. Сведок пренесува дека Спасовски не добил покана за да се појави на распит во Основното јавно обвинителство.

Предмет на истрага на обвинителството се наводните сомненија за лажирање на финансиските извештаи на СДСМ, како и начинот на финансирањето на партијата. Во петокот во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во четвртокот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека отворило две истражни постапки против поранешни функционери на МВР од локалната самоуправа и високи функционери од "одредена политичка партија#, кои се товарат за поткуп на гласачи во две изборни единици за време на изборите во април 2014 и во декември минатата година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари