Официјално стапи во сила Договорот за добрососедство со Бугарија

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева, денеска во бугарската престолнина Софија го потпишаа Протоколот за размена на ратификациските документи, со што официјално во стапи вo сила Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

Овој договор беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега, Бојко Борисов. Истиот е склучен со цел зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање  сестрани меѓусебни односи, согласно со меѓународното право.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари