Обвинителството отвори истрага за „Дрисла“

По допрен глас Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за работењето на депонијата за комунален отпад „Дрисла“, за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од кривичниот законик.

„Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ‘Дрисла’, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, соопшти Обвинителството.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари