ПРЕКУ ОХРИДСКА БАНКА

ОБСГНЕТ - ново електронско банкарство

Охридска банка, Социете Генерале Гроуп, воведе електронско банкарство за физички лица И го усоврши постојното решение за правни лица. Отсега корисниците на Банката имаат можност без посета на експозитура на Банката, преку ОПСЕГНЕТ, бргу да реализираат значаен дел на безготовински трансакции во реално време.

Новиот производ овозможува преглед на состојбата и прометот на сите сметки и картички, купопродажба на девизи и преглед на курсна листа, интерни трансфери, плаќање на режиски трошоци кон однапред определени приматели, плаќање на платни налози и нотификација за статус на плаќања. За правните лица ОПСЕГНЕТ овозможува извршување на платниот промет во земјата и во странство. Со ОБСГНЕТ клиентите имаат неограничен пристап до сметките 24 часа во денот, 7 дена во неделата од секаде во светот. За физички лица провизиите се до 60% пониски за плаќања во земјата, а бесплатни за интерни налози.

Сите кои ќе аплицираат до 30 јуни годинава ќе имаат бесплатна регистрација на ОБСГНЕТ.

(В.М.Б.)



Поврзани

Најнови вести

Коментари