Објавени имињата на Ѕидот на срамот!

Речиси 15 лекари од примарно и секундарно ниво се соочија со раскинување на договорите со Фондот за здравство, а десет јавни здравствени установи заработија највисока казна и се најдоа закачени денеска на "Ѕидот на срамот". Овие податоци ги објави Фондот за здравствено осигурување во соработка со Министерството за здравство за начинот на кој се практикува медицината во земјава.

Идентитетите на лекарите кои се најдоа на овој список, наводно, според Фондот, не работеле совесно, односно, еден отварал ретроградно боледување, негов колега наводно фалсификувал потписот на осигурениците, а имало и лекар кој го злоупотребил факсимилот, па ординацијата која работела без медицинска сестра или лекар, неовластени лице давало здравствени услуги во здравствената установа и ординацијата не овозможила да се изврши контрола.

Имињата на лекарите и јавните здравствени установи за прв пат јавно се објавени на веб-страната на Фондот за здравство, каде сите можат да отворат и да ги прочитаат нивните имиња. Со лекарите во примарна здравствена заштита на кои им е раскинат договорот, по рок од месец дена по нивно барање веќе им е склучен нов договор и повторно работат како избран лекар.
- Ѕидот на срамот нема за цел да ги навреди, туку да ги опомене лекарите, бидејќи во согласност со Законот за здравствено осигурување доколку лекарот повторно го направи истиот прекршок со второто раскинување на договорот ФЗОМ повеќе не склучува договор со таа здравствена установа. Затоа многу е важно посочените лекари повторно да не направат прекршок - се наведува во соопштението.

Кога од Фондот за здравство известија дека лекарите ќе бидат ставени на Ѕид на срамот", тие таквата одлука ја дочекаа на нож и сметаат дека тоа е инквизициска работа од 15 век.

Поврзани

Најнови вести

Коментари