Ново рочиште за бизнисменот Сеад Кочан и останатите обвинети во „Труст“

Во кривичниот суд денеска продолжува рочиштето за предмет „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот и сопственик на телевизијата „Нова“, Сеад Кочан, а обвинети се и Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ. Предметот е во фаза на доказна постапка.

Вториот сведок предложен од СЈО, Васил Ристовски, на претходното рочиште рече дека тој го овластил Василије Авировиќ да ја поднесе спорната документација за тендерот во ЕЛЕМ. На прашањето на обвинителот Артан Ајро од каде вработен во „Магрони“, фирма за дистрибуција на вода, да пополнува тендер за ископ на јаглен и јаловина за РЕК Битола, сведокот тврдеше дека Авировиќ често одел за Кратово и во „Силекс неметали СТ“ ДООЕЛ Кратово и тој знаел да пополнува тендерска документација.

Ристовски тврдеше дека старите дампери на „Силекс неметали СТ“, машини кои се користат за ископ, завршиле како старо железо. Според сведокот, во фирмата откриле дека има паралелна фактура за истите машини.

Обвинетите со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра, тврди СЈО. Предметот, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста, кои треба да бидат репродуцирани во судницата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари