ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА БОШКОВСКИ

Нови 30 дена во Шутка за Љубе

Љубе Бошковски останува во затворот во Шутка уште триесет дена. Притворот на лидерот на Обединети за Македониија осомничен за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службена должност му е продолжен со одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

Судиите процениле дека се уште има причини Бошковски и понатаму да биде притворен. Постои опасност тој да влијае на сведоците, да го повтори делото или да избега од државата. Бошковски е во притвор од 7 јуни, ден откога е уапсен. Судењето требаше да почне на четврти овој месец, но рочиштето се одложи.

Бошкоски беше уапсен на 6 јуни, ден по парламентарните избори, на паркингот пред скопскиот ресторан "Воденица". Полицијата го приведе додека земал 100.000 евра во кеш за потребите на неговата политичка партија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари