Нов протест пред Владата поради загадениот воздух

Денеска пред Владата на Република Македонија во Скопје ќе се одржи нов протест против загадениот воздух.

Протестот чиј почеток е најавен за 12 часот го организираат загрижени граѓани кои повикуваат на масовност преку социјалните мрежи.

„Британската влада во 2.000-та ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, се вели во повикот за протестот на социјалната мрежа Фејсбук.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари