Нов протест пред Влада поради загадувањето

Нов протест против загадениот воздух ќе се одржи денеска пред Владата. Протестот го организираат  граѓани кои повикуваат на масовност преку социјалните мрежи. Протестот ќе започне во 12 часот.

„Британската влада во 2.000-та ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, се вели во повикот за протестот на социјалната мрежа Фејсбук.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари