Нов Државен обвинител и Амнестија пред или по Нова година ?

Собранието на 22.12.2017 ќе го избира и именува Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител, откако Владата достави предлог за негово именување до Парламентот на 7-ми ноември оваа година. Долго најавуваната амнестија е закажана за расправа на истата седница на Собранието. Доколку на оваа седница биде изгласана, затворениците кои имаат издржано 2/3 од затворската казна ќе бидат ослободени и ќе можат новата година да ја дочекаат на слобода. Но, дали Македонија ќе добие нов јавен обвинител и дали ќе се изгласа амнестијата, пред или по нова година, зависи од кворумот кој деновиве е дискутабилен заради оставката на два пратеника.

sudstvo.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари