Нормализиран сообраќајот кај Пресека

Од 09.00 часот утринава престана забраната за движење на камиони кај Пресека, информираат од Автомотосојузот на Македонија.

Претходно, во седум часот престана забраната на Ѓавато. Во моментов забрана за движење на камиони има на патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, крак Маврово-Дебар, крак Стража-село Колари и обратно, како и кај Буково. На патот Тетово-Попова Шапка освен за тешки товарни возила има забрана и за движење на автобуси.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари