Европјани тешко ќе бидеме, но затоа европски изумираме

Немаме деца. Македонија изчезнува, снемува Македонци во државата

Над 70% од брачните парови во Европа имаат едно или две деца. Статиската вели дека за наталитетот да остане во позитива, тогаш потребни се 2,5 деца од еден брак. Со само две деца се овозможува условно одржување на населението. Но, ни тие две деца во семејство во Европа ги нема, особено во развиениот дел на Европа, како и на европскиот дел до Балканот каде припаѓаме и ние.

И оваа, 2017 година, Македонија ќе биде една од долгата низа евроспки држави која повторно ќе забележи пад на населението, особено во делот на носечкиот, мноѕински народ - Македонците.

Зошто старее Европа? Што го намалува наталитетот? Каде исчезнуваат Македонците? Сиромаштијата, невработеноста, апатијата не се единствените, а можеби не се ниту главните причини што неколку децении наназад во Европа има се повеќе умрени отколку новородени. Два аргумента се сосема доволни како доказ за побивање на тезата дека младите поради сиромашија бегаат од брак и деца. Нешто друго е во прашање затоа што токму во средините каде што најтешко живеат, деца има најмногу.

Првиот аргумент за ова е: Не опаѓа наталитетот само во посиромашните и поскомунистички земји од Европа, туку поголема смртност од новородени бележат и развиените, економски моќни држави во Европа како Германија, или скандинавскиот регион.

Вториот агрумент, експлицитно ја побива сиромаштијата како главна причина. Најголем прираст на населението во Европа има токму во држави кои според статиските се едни од најсиромашните. За разлика од државите кои имаат христијански корени, онаму каде исламот е доминантна религија, статистиката бележи раст на наталитетот. Аналитичарите кои се занимаваат со демографија сметаат дека оваа состојба е резултат само на еден нов, модерен стил на живеење.

Македонија, по деценија криза со наталитеот, изминативе неколку години покажува тренд на каков-таков позитивен прираст на населението, и се уште не е во оние држави кои со години постојано имаат тренд на умирање. Но, Македонија е во позитива единствено поради се уште големиот процент на наталитет кај Албанците, Турците и Ромите. Кај Македонците, Србите и Власите демографскиот раст е веќе подолг период - негативен.

Демографските бројки за 2012 за неколку земји од регионот покажуваат сериозни резултати. Бројките за 2012 ја покажуваат тенденцијата на демографијата и во Македонија, и таа тенденција важи и за наредните пет години, а веројатно и за оваа - 2017 година.

Македонија: Во 2012 во Македонија биле родени 11.995 лица етнички Македонци, а истата година умреле 14.823. Тоа е биланс од минус 2.828 лица од Македонската етничка заедница. Истата 2012 во Македонија биле родени 8.035 лица етнички Албанци, а починале 3.416, што е плус од 4.619. Разликата помеѓу Македонците и Албанците, само во 2012 година - е околу 8.500 во полза на етничката група Албанци.

Според најновите податоци на ПИОМ за 2017 година во Македонија има 306.000 пензионери, или околу 14,5% од населението, а во исто време има околу 730.000 вработени што е добар однос бидејќи невработеноста во Македонија доживеа радикални измени: во 2006 имавме 38,5% невработени, а во 2017 околу 23% невработени. Но, тоа не се одразува позитивно на наталитетот.

Албанија: Истата 2012 година во Албанија биле родени 35.380 лица, а починале 20.849. Тоа е позитивен прираст од 14.446 лица.

Косово: Во Косово каде има изразит прираст на население, биле родени 27.743 лица, а починале 7.556, со што во оваа економски неразвиена држава за една година има плус од 20.187 лица.

Србија: Северниот сосед го има истиот проблем. Во Србија во 2012 година биле родени 66.925 лица, а умреле 102.355. Негативниот демографски биланс на Србија за една година е 35.430 помалку жители.

Кај Србија има еден интересен статистички податок. Веројатно малкумина знаат дека во февруари 2013 година во Србија биле исплатени повеќе пензии отколку плати. Да! 1.680.000 лица примиле пензија во тој месец, а 1.630.000 Срби плата. (Бројот на пензионери во Србија е 1.680.000, а на вработени 1.770.000 (140.000 Срби според статистиката тој месец не примиле плата). Со ваква демографија Србија веќе има изедначен број на пензионери и работници, а со ваков тренд за неколку години ќе има далеку повеќе пензионери од вработени.

Бугарија: Оваа држава источно од Македонија веќе трета деценија мака мачи со намалениот наталитет. Таму во 2012 биле родени 69.121 лице, а умреле 109.281. Само во 2012 година Бугарија има минус од 40.160 граѓани, или за година дена загубен еден град нешто помал од Прилеп или Кичево. Статистиката покажува дека исчезнуваат Бугарите, додека овие бројки на намален наталитет не важат за тамошните етнички Турци и Роми, кои бележат константно зголемен наталитет.

Турција: Турција е најспецифичен пример од овој дел на Европа. Таму дневниот прираст на наталитетот е во плус од околу 2.500 лица - секој ден! Во 2013 биле родени 1.279.864 лица, а умреле 374.855. Годишно овие бројки даваат позитивна разлика од рекордни 905.009 лица, или скоро еден милион повеќе жители на Турција за само една година.

Грција: Во Грција тешко се доаѓа до бројка дадена по етнички заедници, но достапните податоци велат дека во 2014-та, Грција ја завршила со минус од 5.000 граѓани.

Како се движи населението и капацитеот на една нација, и држава, говори споредбата на првачиња за последните десетина години.

Во 2000 година во Македонија во прво одделение биле запишани 29.956 правачиња. Во 2013-та таа бројка е помала за 9.000, иако општиот број на население се зголемил.

Бројката на ученици во основното образование од година во година опаѓа. Во 2000-тат имало 256.000 ученици во основно, а во 2012 само 195.000. 

Како стојат работите во скопскиот регион?

Еве неколку статистички податоци за првиот квартал од 2013 во Скопскиот регион. Во општина Карпош во првите три месеци 2013 година биле родени 128 деца, а починале 175 лица. Студеничани: родени 109, умерле 23. Во Арачиново за три месеци се имаат родено 49 новороденчиња, а починале 16 лица. Чаир е општина со убедливо највисок наталитет во Скопје. Се родиле 272 деца за само 3 месеци, а починати има 148.

Капацитетот на едно семејство, општина и држава се гледа според тоа со колку луѓе тие располагаат, колку од нив се школуваат, работат согласно своите способности и можностите на заедницата и создаваат нови вредности. Доколку нема луѓе, сите следни набројани критериуми не се важни. Без луѓе, нема ништо.

Поврзани

Најнови вести

Коментари