Убаво си пишувало уште од 2001 година

Не не труе ни Дрисла, ни греење, ни коли, еве заради кој се гушиме!

Со наслов „Велика Британија со токсичен подарок за Балканот" весникот „Гардијан" уште во 2001 година пишува за инсинераторот што ѝ бил доделен на Македонија од страна на британската влада за горење медицински отпад, кој ги прекршува стандардите на Европската Унија и би бил нелегален во Британија. Инсинераторот што се користи во склоп на депонијата „Дрисла" е донација од британската влада, потврдија од Министерството за животна средина и Градот Скопје за „Макфакс".

Со наслов „Велика Британија со токсичен подарок за Балканот" весникот „Гардијан" уште во 2001 година пишува за инсинераторот што ѝ бил доделен на Македонија од страна на британската влада за горење медицински отпад, кој ги прекршува стандардите на Европската Унија и би бил нелегален во Британија. Инсинераторот што се користи во склоп на депонијата „Дрисла" е донација од британската влада, потврдија од Министерството за животна средина и Градот Скопје за „Макфакс".

Британската влада го доделила инсинераторот како хуманитарна помош и тој, според сторијата, се наоѓа во близина на главниот град Скопје. Текстот напишан уште пред 16 години почна масовно да се споделува денеска на социјалните мрежи кај домашните корисници и повторно предизвика реакции на загриженост за високото ниво на загадување на воздухот.

„Доколку земјата се приклучи на ЕУ, како што се надева, инсинераторот би морал да се затвори бидејќи е опасност за мештаните и ги прекршува стандардите на ЕУ. Инсинераторот е еден од неколкуте обезбедени за Балканот од страна на Светската здравствена организација (СЗО), од кои ниеден не ги задоволува стандардите на ЕУ", пишува „Гардијан".

Весникот го цитира Адам Островски, експерт за менаџирање токсичен отпад, кој во својата изјава вели:

„Ова е едно од најлошите парчиња валкана технологија маскирано како помош што сум го видел во Источна Европа".

Островски рекол дека базичната опрема била функционална, но ѝ недостигаат важни додатоци за одржување еднакви температури или, пак, есенцијалнa опрема за чистење отпадни гасови за отстранување токсини, кои би можеле да предизвикаат рак и дефекти при раѓање.

„Навистина сум изненаден дека британската влада се вклучува во вакви практики", вели Островски. „Ваквата технологија е нелегална во Западна Европа. Едноставно, не е праведно дарежливо да им се даде на Македонците знаејќи дека ќе има токсични емисии и потоа ќе биде укинат кога ќе влезат во ЕУ. Треба да се засрамат", гласи изјавата во текстот.

Министерството за животна средина: Инсинераторот е во склоп на „Дрисла"

„Сегашниот инсинератор, кој е поставен во склоп на депонијата 'Дрисла', е донација од британската влада", потврдија од Министерството за животна средина за „Макфакс".

Според портпаролката Беса Татеши, овој инсинератор е единствен во земјата. Планирано е да се постави нов, но засега не се знае кога тоа ќе се случи.

„Свесни сме дека самиот инсинератор не ги исполнува стандардите што се очекуваат и кои треба еден инсинератор да ги исполни, понатаму, во согласност со интегрираната еколошка дозвола што ја имаат во 'Дрисла', планирано е да се постави нов инсинератор, кој ќе биде современ и изграден и ќе работи во согласност со стандардите", ни изјави Татеши.

И од Градот Скопје велат дека инсинираторот што е во функција на депонијата е донација од Велика Британија и тој е сè уште во употреба.

„Град Скопје очекува по одлуката на Управниот суд да се затворат прашањата за понатамошното стопанисување со депонијата, па потоа да се реши прашањето за набавка на нов инциниратор кој би ги задоволил и еколошките стандарди и би остварувал и други бенефити за здравјето и благосостојбата на граѓаните", велат од Град Скопје.

Неодамна депонијата „Дрисла" беше казнета со со 8.500 евра кога беше констатирано дека не ги почитува протоколите за горење медицински отпад. Медиумите и претходно низ годините пишуваа за тоа дека инсинераторот не ги исполнува стандардите и постојано се повторуваат најави дека се планира негово менување. Неодамна и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека постојат сериозни индиции за криминал на депонијата „Дрисла", како и шпекулации дека таму се гори секаков вид отпад, но и дека институциите треба посериозно да му се посветат на овој проблем.

Кристина Озимец

Поврзани

Најнови вести

Коментари