НДМ: Министерката Треневска да поднесе оставка

„Народно движење за Македонија ја повикува министерката за образование Рената Треневска Дескоска да поднесе оставка доколку држи до својот личен, професионален и научен дигнитет, откако нејзината матична партија СДСМ јавно ја девалвираше нејзината стручна и научна компетенција како уставен експерт. Имено, СДСМ во реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците рече дека законот е целосно во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5 а реакциите на ВМРО-ДПМНЕ се кукавички и неосновани.

Меѓутоа ваквите квалификации на СДСМ се всушност длабоко понижување и за министерката Треневска Дескоска бидејќи во дебатната емисија „Топ тема“ од 17 март 2017 Треневска децидно рече дека не може да има двојазичност на банкнотите и униформите оти тоа е во спротивност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5 и дека толкувањето на Уставот врз основа на професионални узанси и стандарди како и нејзините професионални познавање за уставната материја зборуваат дека двојазичност на парите и униформите е неуставно и за ова ги известила органите на СДСМ и претседателот Заев. Оттука, со реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ всушност се врши своевидно јавно понижување на Треневска од нејзината матична партија СДСМ дека е кукавица и дека не е точно нејзиното мислење како уставен експерт дека двојазичноста на парите и униформите е неуставно.

Затоа, најмалку што може да се очекува од министерката Тренеска е нејзина оставка и заштита на нејзиниот и воопшто на дигнитетот на академската заедница во земјата, се разбира, доколку и навистина станува збор за уставен експерт како што ни ја претставуваат министерката Треневска“, се вели во реакцијата на НДМ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари