Наскоро, Нимиц со предлог за Горна Македонија

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средбата со претставниците на Грција Адамантиос Василакис и на Македонија Васко Наумовски закажана на 20 и 21 ноември во Њујорк ќе излезе со конкретен предлог за решавање на спорот, јавуваат грчките медиуми. Неофицијално, во игра се имињата Горна или Северна Македонија.

Атина очекува по победата на премиерот Зоран Заев на локалните избори и стабилизацијата на неговата Влада, од Македонија да продолжи со активностите на „добра волја" со кои ќе покаже дека го напушта иредентизмот, како што се промената на името на Аеродромот во Скопје и отстранување на спомениците поставени во времето на Никола Груевски, објавуваат Радио Атина 9.84, Реал.гр и Иефимерида.

Грчките медиуми пренесуваат дека вицепремиерот Кочо Анѓушев вчера во обраќање на дебата во Џон Хопкинс институтот во Вашингтон побарал од САД поддршка за решавањето на спорот за името.

Поврзани

Најнови вести

Коментари