Хан и тројката на европратенци утре во Скопје

Народот по улиците бара Хан да ја осуди Тиранската платформа

Над 150 000 луѓе ќе го дочекаат еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан кои утре заедно со тројцата европатеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн пристигнуваат во Скопје. Целта на ова доаѓање е да направат уште еден обид за договор за излез од политичката криза во која земјата е долг период

Од иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА најавија најмасовен протест до сега. Во нивниот повик тие повикаа дека јасно, гласно и недвосмислено сите заедно, граѓаните на Македонија пред комесарот на Европската унија, Јоханес Хан, да кажеме НЕ за влада која ќе работи според тиранската пларформа, НЕ за рушење на унитарноста на државата. Сите заедно да ги претставиме нашите црвено- жолти линии, кога ако не сега,се вели во повикот.

Веќе 20тина дена илјадници луѓе во над 30 градови во Македонија секојдневно излегуваат на улиците од каде упатуваат јасна порака , а тоа е НЕ за тиранска платформа, НЕ за разнебитување на Македонија и НЕ за мешање на друга држава во внатрешните работи на Македонија.

Поддршка доаѓа од сите страни на државата, но и од дијаспората. Викендов, поддршка на Граѓанската иницијатива дадоа и исселениците во Малме, Лондон, Синдеј, Берлин, Малта, Словенија...од каде порачуваат дека не ја даваат унитарноста на Македонија и не се сложуваат со платформата од Тирана.

Бројот на поддржувачи секојденвно расте, во неделата група Македонци се собраа пред Белата Куќа ,во знак на поддршка на иницијативата „За Заедничка Македонија". Со развиорени македонски знамиња и транспаренти тие упатија порака за зачувување на македонската држава, идентитет и јазик.

Ја изразуваме нашата целосна поддршка за нашите браќа и сестри во Македонија. Да ја зачуваме нашата единствена татковина, нашата слобода и независност. Сега, кога сме свои на своето, нема да дозволиме никој друг да одлучува за нас, за нашата судбина и за иднината на нашите деца и внуци. Македонија е наша земја! Ова е наша битка! За Македонија одлучуваат Македонците и сите други лојални граѓани на Македонија, а не туѓинците и нивните јатаци, изјави професорката по македонски јазик Милка Ковач.

На протестите се приклучија голем број на млади луѓе,средношколци,студенти кои не се сложуваат со Тиранската платформа. Вчера утрото ученици од средното техничко училиште ЕМУЦ „Св. Наум Охридски" и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески" во Охрид вчера изутрина ја напуштија наставата и се приклучија кон протестите инцирани преку иницијатавата „За заедничка Македонија", за кои, истакнаа, дека се насочени кон зачувување на унитарноста на државата, а против двојазичност и федерализација.

Средношколците потоа се упатија кон охридската гимназија „Св. Климент Охридски", со намера да ги охрабрат своите врсници да се приклучат кон протестот.

Стотина среднишколци со знамиња и скандирања потоа се упатија кон Градскиот плоштад, каде ги истакнаа своите барања дека се за зачувување на унитарниот карактер на државата, изразувајќи поддршка на политиката на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Дурловски: Ако Хан не игнорира, тоа е на негов ризик!

Од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија симболично го означивме и просторот пред седиштето на Европската комисија со црвено-жолтата боја, во пресрет на доаѓањето на господинот Хан, изјави членот од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, Игор Дурловски.

-Ние сме реалност, никој не смее, не треба и не може да ги игнорира 200 илјади граѓани кои секојдневно протестираат. За жал, Европската Унија засега покажува игнорантски однос кон нас, но истовремено и кон граѓаните на Република Македонија. Порачуваме дека нема да дозволиме Влада која ќе работи според платформа подготвена надвор од Македонија, под покровителство на странски премиери. Било кој да биде избран за претседател на собранието бараме да ја одбие и отфрли истата, целосно отфрлање бидејќи со неа ќе имаме двонационална и федерална држава за сметка на унитарна и граѓанска Македонија, истакна Дурловски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари