Народна банка ќе купува млечни чоколади, икебани, букети и венец

Народната банка на Република Македонија преку електронска акуција ќе набавува млечни чоколади. Според објавениот оглас, млечните чоколади треба да бидат со логото на банката, слики од банкноти од 500, 1000, 200, 100, 50 и 10 денари. Според техничката спецификација секоја чоколадата треба да биде 5 грама, а треба да се изработат 68.000 парчиња. Проценета вредност на чоколадите без ДДВ е 127.118 денари или околу 2.000 евра.

Истовремено, распишана е јавна набавка за 440 цвеќиња. Народна банка бара да купи икебани од 60, 50, 40 сантиметри, како и букети и венци. Според огласот, банката бара три парчиња рози од 80 сантиметри во розева боја, едно парче антурим во црвена боја, едно парче крин во розева боја, две парчиња гипсофила, како и шест розови гербери. Саксиското цвеќе треба да биде високо 15 сантиметри, спакувано во украсна хартија со црвен боја и машна ПВЦ со златна боја во должина до 1 метар. 

Најповолната понуда ќе се избира преку електронска аукција, на крајот од месец февруари.

К. Ландов

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари