Напредокот во процесот на европската интеграција утре на владина седница

Владата утре ќе ја одржи 38. седница на која ќе ја разгледа состојбата и напредокот во процесот на европската интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите на ЕУ и статусот на реализација на приоритетите за влез во НАТО.

На дневен ред на утрешната седница ќе се најде и предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи.

На утрешниот дневен ред ќе се најдат и информациите за модели за подобрување на функционирањето на проектот „Отворање на народни кујни“, како и за текот на активностите поврзани со книгите од проектот за превод и печатење на 50 универзитетски учебници кои се употребуваат на првите 10 рангирани универзитети согласно Шангајската листа за 2015 година.

Министрите на седницата ќе ја разгледаат и информацијата во врска со потребата од склучување на анекс кон договорот за доделување на државна помош склучен со Владата на Република Македонија и компанијата корисник на ТИРЗ Штип „Џонсон Контролс ДООЕЛ Штип“.

Министрите, во рамки на седницата ќе ја разгледаат и информацијата за изменување и дополнување на спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Комисија за финансирање во однос на повеќегодишната оперативна програма „Регионален развој“ за помош од Заедницата за инструментот за претпристапна помош во рамки на компонентата „Регионален развој“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари