Одговор во слики

Москва до Вашингтон: Ова е решението за воздухот во Скопје

Загаденоста на воздухот во Скопје која денес ги проби сите светски рекорди, предизвика и доза на загриженост кај Американската амбасада која преку официјалниот Твитер профил побара предлози за решение на проблемот.

Промптно реагираше и амбасадата на Руската Федерација која на повикот на амбасадата на САД во земјава за давање предлози за решавање на проблемот со загадувањето, предложи долгорочно и одржливо решение.

„Бидејќи нашите пријатели од Амбасадата на САД бараат идеи за загадувањето на воздухот во Скопје, би сакале да им го предложиме следново решение" – стои во натписот на официјалниот твитер профил на Руската амбасада во земјава, на која се гледа скица од планираниот гасовод „Турски Тек" кој според првичните планови треба да поминува низ Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари