МОН воведува нова стипендија за студенти и предлага измени во учебниците

Владата по предлог на Министерството за образование и наука денеска ја усвои информацијата за воведување нова стипендија за студентите што студираат за професори за основно образование уште од првата година на студиите во висина од 6.000 денари.

Од Владата велат дека оваа мерка ќе придонесе за унапредување на квалитетот на наставните кадри во основното образование.

Министерството за образование и наука пред членовите на Владата достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за учебниците за основното и средното образование.

„Предлогот за измени на законот се однесува на можноста за брза корекција на утврдените грешки во учебниците, како и на можноста на конкурсите за учебници, освен домашните автори, да учествуваат и издавачите што имаат можност да предлагаат адаптирани учебници од странство доколку тие ги исполнуваат критериумите на МОН“, соопшти Владата.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари