ДАТУМОТ ПОЗНАТ, СВАТОВИТЕ ПОДГОТВЕНИ

Министерот Самак се жени со поранешна сителовка

Министерот за странски инвестиции Веле Самак идниот месец ќе прави свадба со својата избраничка Бојана Ацева - Андонова, некогашна водителка на најпознатата Сителова детска емисија Сител бамбини. Свадбената церемонија е закажана за 7 септември во Прилеп, од каде што потекнува и живее семејството на министерот. Бракот со Бојана на министерот за странски инвестиции ќе му биде втор. Тој пред три години по 11 години брак се раздели од Американката Роксана, со која има ќерка. Самак и неговата екссопруга во Македонија дојдоа во 2006 година, а таа тука остана да живее и по разводот.

Инаку, со Бојана, која освен водителските во своето портфолио ги има запишано и ангажманите - одговорна за регрутација и маркетинг на Универзитетот Питсбург во Скопје, односи со јавност за проект на Светската банка, проект-менаџер на Македонскиот културен центар во Њујорк, тренер за проекти со деца и млади на УНИЦЕФ, основач на Самосвест, аналитичар и раководител на Кабинетот за странски инвестиции, технички секретар во македонската амбасада во Вашингтон..., министерот е во врска неколку години. Првото заедничко појавување во јавноста им беше на Божиќниот концерт и базарот во Католичката црква.

Љубители сме на музика и затоа најчесто не среќавате на вакви нас­та­ни. Често одиме на концерти. И двајцата сакаме разновидна и кла­сич­на музика, но не одиме на настани со популарна музика", изјави тогаш Самак за медиумите.





Поврзани

Најнови вести

Коментари