Минатата година во Дебар не се фрлаше крст, годинава Чедо Петревски го фати крстот

Во фрлањето по светиот крст во Дебар учествуваа пет лица, од кои најсреќен беше Чедо Петревски, студент на ДИФ. Верниците кои го празнуваат големиот православен празник Водици и оваа година ја продолжија традицијата, а на богослиужбата во црквата „Света Петка“ присуствуваа жителите, но и посетители од други градови.

„Пресреќен сум. По вторпат скокам по светот крст, а сега првпат ми се насмевна среќата. Посакувам многу здравје, среќа, радост за сите, мир и благосостојба во целиот свет“, рече Петревски.

Како изминатите, така и оваа година, црковниот одбор издвои парични средства како награда за среќниот фаќач на крстот.

Минатата година, немаше пријавени за фаќање на светиот крст во Дебар.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари