ДПМНЕ-овец или ВМРО-вец? Или двете

Мицковски и Милошоски фаворити за нов лидер на ВМРО ДПМНЕ

Дали ќе се случи промена во врвот на ВМРО ДПМНЕ? Ако Груевски се реши на тој чекор меѓу членството веќе се дефинираат фаворитите

Губењето на 120.000 гласови во однос на минатите парламентарни избори од контото на ВМРО ДПМНЕ секако предизвикува вознемиреност меѓу членовите и симпатизерите на партијата и тенденции за промени кои би довеле до што е можно поскоро враќање на победничкиот колосек.

Промените, пред се, зависат дали сегашниот претседател Никола Груевски ќе се реши да даде оставка и отвори процес за ново раководство бидејќи без негова одлука секој обид за промени во врвот нема можности за успех, вклучително и обидите на таканаречените реформатори кои имаат силна дипломатска поддршка но немаат поддршка во членството на партијата. За членовите секој обид за промени однадвор е обид за уривање на идеологијата и структурата што би завршило со поделби и дезориентација на подолг рок.

Како во јавноста, така и меѓу членството, како можен нов лидер најчесто се спомнуваат имињата на сегашниот генерален секретар Христијан Мицковски кој има кус партиски стаж но, ја има и довербата од Никола Груевски и Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи сегашен член на највисоките партиски тела, пратеник и еден од оние со најдолг стаж во партијата во однос на сегашното раководство. За членовите на ВМРО ДПМНЕ е важно новиот лидер да има во себе дух на традициите на ВМРО ДПМНЕ, да биде прифатлив и за нив и за јавноста, да нема стари хипотеки и да има добра комуникација со дипломатите и европските пријатели на ВМРО ДПМНЕ. Овие двајца, според членството на ВМРО ДПМНЕ, се најбилску до тој посакуван профил.

Она што е најважно, доколку се оди на избор на нов лидер, е конкурентите да не бидат причина за поделби во партијата туку без оглед на изборот да бидат соработници кои во иднина ќе се надополнуваат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари