Мицкоски: Новите членови на Извршниот комитет се искусни политичари

Силно мотивирани индивидуи, луѓе кои голем дел од животот го поминале во партиските структури, искусни политичари. Вака лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски ги опиша членовите на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа избрани вечерва на седница на Централниот комитет.

„Убеден сум дека во периодот што следи, ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на здрави нозе и ќе можеме што е можно поскоро да издејствуваме предверемени парламентарни избори. Промените во составот на Извршниот комитет се сериозни, очекувам да допринесат сериозно во партијата. Централниот комитет ги усвои речиси едногласно, со еден глас против, од вкупно 115 присутни на ЦК. Ова е првична бројка од 26 членови на Извршниот комитет и истиот ќе се проширува. Оваа структура во следните две години ќе биде официјалнно тело во првична верзија, но во периодот што следува постои простор за зголемување на бројот на членови“, рече Мицкоски.

На прашањето зошто Антонио Милошоски и Илија Димовски не се дел од новото раководство, Мицкоски истакна дека и двајцата се прекрасни личности кои биле на функции и придонеле за партијата, па доколку соодвестува со нивните амбиции не е исклучена никаква можност и би можеле понатаму повторно да бидат дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ.

Запрашан зошто Димовски не бил повикан на седницата, Мицкоски образложи дека биле повикани само членовите на Централниот Комитет, а на Илија Димовски со завршувањето на функцијата координатор на пратеничка група му престанал мандатот како член на Централниот комитет, што било случај не само со него, туку и со уште неколку претставници од Унијата на жени и Унијата на млади сили.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари