Дардишта вели дека на сегашните учебници им истекол рокот

Менување на учебниците по историја побараа и Албанците

По најавата на премиерот Заев за промена на учебниците и албанските професори бараат формирање на Комисија за нивна промена.

По потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, најавено е дека ќе се формира комисија за историја, а исто така и од грчка страна најавија дека ќе се формира македонско-грчка експертска комисија за менување на учебниците. На овие барања за промена на учебниците се приклучија и од Сојузот на албанските наставници, и тие бараат формирање на комисија со цел промена на содржината на учебниците.

Претседателот на Сојузот на албанските наставници, Нухи Дардишта, бара нови стратегии и програми, нови книги и дека овие од кои што сега учат учениците им истечел рокот.

- Ние бараме нови стратегии, нови програми, нови текстови, нови книги, дека на овие им истече рокот и има многу грешки. Бараме за основното и средното образование од Министерството за Образование да се консултира со граѓанското општество, бидејќи ние сме оние кои ги прават промените, а не истите луѓе во Министерството и комисиите кои не се менуваат. Апелирам да се формира комисија од февруари или март, за да се проверат добро тие програми и првата фаза да започне со нова стратегија од февруари , рече Дардишта.


Професорот по историја, Насер Ферати, им објаснува на учениците дека племињата како Енкелејдите и Дасаретите не се македонски племиња, туку се Илириски племиња. Ферати вели дека фактографските грешки не се ретки во предметот на географијата. Тој додава дека албанците во Македонија имаат македонско потекло, но со доаѓањето и владеењето на Отоманската империја, некои Македонци го прифатија исламот и постепено се албанизираја.

- Бараме нивно повлекување и издание на нови текстови, треба да се создаде комитет на експерти со кој не само ке се смени текстовите на изглед, туку треба да се промени и неговата содржина и неговиот дидактички аспект. Поголеми грешки се во дидактичкиот пристап, текстот што треба да се работи не ги исполнува критериумите. Друга грешка, неточни информации кој им додаваат сомнеж на учениците и на некој други , рече професорот Насер Ферати.
Премиерот Заев и во вчерашното интервју за најголемата приватна бугарската телевизија, рече дека во духот на пријателството веќе се направени корекции во учебниците, но дека и ако нешто било испуштено тоа требало да се смени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари