Прилеп

Меѓународна велосипедска трка

В недела, во организација на клубот за екстремни спортови „Skyriders"од Прилеп кај месноста Топташ, во близина на градот ќе се одржи втората „downhill" трка со велосипеди насловена „Топташ 2017", соопшти организаторот на денешната прес конференција во просториите на локалната самоуправа

Според Златко Спиркоски од клубот за ектремни спортови „Skyriders" на трката се очекува да учествуваат 50-тина натпреварувачи од Македонија, Црна Гора и Бугарија.

-„Downhill" е вид спорт со велосипеди кој кај нас се уште е во развој. Велосипедистите не се искачуваат нагоре по планината, туку само се спуштаат надолу. Патеката е исполнета со екстремни скокови и се вози по тешки терени и секции. Трката по втор пат се организира, годинава како „Цевитана downhill Топташ 2017", под покровителство на Општина Прилеп и со помош од главниот спонзор „Витаминка". Трката ќе се одвива од врвот Топташ па се до резервоарот за снабдување со вода во близина на магисталниот пат Прилеп-Битола. Патеката е долга 1,8 км. Натпреварот ќе се одвива во три категории: од 18 години, за јуниори и третата категорија е за велосипеди само со преден амортизер и назад со тврда вилушка. Десетина години овој спорт се развива во Прилеп за да кулминира со овие трки кои ги организиравме за прв пат лани, вели Спиркоски.

Натпреварот в недела ќе трае од 10 до 15 часот. Годинешната трка ќе биде и бодувана и ќе добие и официјален државен карактер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари