Кај Љубаништа

Мечка паднала во стапица, во обид да ја спасат со успивање - починала

Мечка починала во големи маки откако паднала во стапица кај Љубаништа на територија на Националниот парк Галичица. Во обид да биде спасено заробеното животно била повикана стручна служба од Скопје. Мечката била застрелана со специјално оружје за успивање, по што починала, јави Охридњус.

Случајот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Организациите за заштита на природата бараат одговори, но и одговорност од надлежните институции, отворајќи ја дилемата колку стручно било постапено во случајот и дали несреќното животно било застрелано со поголема доза за успивање од потребното и од што угинало. Се бара и одговор од надлежните институции за поставувањето на стапици за животни во заштитени зони.

Надлежните институции кои ги контактирал порталот соопштиле дека се запознаени со случајот и дека се преземаат мерки за негово расветлување, за што бил побаран детален извештај од стручната служба која била вклучена во неуспешното спасување на мечката.

Извор: Охридњус.ком

Фото: Интернет

Поврзани

Најнови вести

Коментари