ВО ОХРИДСКО

Маж пронајден починат во неговиот дом

Вчера околу 18.30 часот во охридското село Лескоец, во сопствената куќа, бил пронајден починат 66-годишниот П. В., кој бил државјанин на Македонија и Австралија

Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од охридската полиција. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари