Малолетник и 19 годишник повикани во полиција за графитот на „Широк сокак“

Од МВР соопштија детали во врска со графитот кој беше испишан на фасада од зграда, со говор на омраза на македонски и албански јазик. Полицијата објави дека во Секторот за внатрешни работи – Битола, се повикани две лица од градот, од кои едното е малолетно, а другото е на возраст од 19 години и е разговарано со нив. „Против сторителите, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, пишува во соопштението на полицијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари