МАКЕДОНСКО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА: Да се објави прекин на преговорите за името

Клучот сепак е во рацете на Македонија и таа може во секој момент да донесе одлука да се повлече од играта

Во коментар во американското списание „Хил", Бил Николов од Македонското меѓународно движење за човекови права ги повика македонските партии да се откажат од натамошно водење преговори за името на државата, оценувајќи дека преку нив се врши притисок врз државата и се намалува суверенитетот на Македонија.

- За жал, играта во овој случај е Македонија, а се работи за нејзино опстојување како независна држава. Па и Западот си ги менува правилата како што минува времето. Клучот сепак е во рацете на Македонија и таа може во секој момент да донесе одлука да се повлече од играта. И овде не станува збор за поедноставување на работите, туку за нешто што е базирано на здрав разум. Ако некој од вас бара да преговарате за промена на името, само за да се задоволи бесрамниот угнетувач на вашиот народ, нема да прифатите. Ако некој од вас бара да го смените вашето знаме и да се откажете од идентитетот и потеклото, нема да прифатите - пишува во колумната објавена во списанието кое е специјализирано за следење на политичките настани во американскиот Конгрес и Вашингтон во целина.

ММДЧП потсетува дека повикот за прекинување на преговорите за името го упатува до сите влади уште од независноста на земјата и посочува дека преку одржувањето на овој спор се случува интервенција на западни земји за формирање нова „коалиција на воени криминалци и политички платеници, затоа што во нив виде прозападна ориентираност". Според ММДЧП, овој притисок врз Република Македонија води кон разнебитување на државата и формирање „Голема Албанија".

Поврзани

Најнови вести

Коментари