Анализа на ЦИКП за привлекувањето гласови од други етнички заедници

„Македонски Обама или платформа од Тирана: како да освоите гласови од 'другите' и што понатаму?"

„Македонски Обама или платформа од Тирана: како да освоите гласови од 'другите' и што понатаму?" е насловот на анализата на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) која ги презентира искуствата на политичките партиите во Република Македонија за тоа дали, зошто и како (не)успеале да ги привлечат и задржат гласовите на гласачи од различна етничка припадност.

Според ЦИКП, анализата дава и препораки за тоа како да се ублажи националистичката реторика која се појави по последните парламентарни избори.

- Придобивањето гласови од „другата" заедница, т.е. „македонски и албански гласачи" од страна на „албански или македонски" кандидати и партии не е невозможна мисија. Со примамлива порака и кампања, Имер Селмани во 2009 и СДСМ во 2016 година успеаја да добијат значителен број гласови од „другите". Селмани не успеа да го повтори изборниот успех во подоцнежните циклуси, а прашање е дали и СДСМ ќе може да ги задржи гласовите кои им беа доверени од речиси 40.000 македонски Албанци. Она што е битно е дека по успехот на Имер Селмани и СДСМ, РМ не се фокусираше на градење мултикултурни политики, партиски програми и кампањи, наведува ЦИКП.
Во анализата се заклучува дека на македонското општество му е потребна реформа на политичкиот и изборниот систем во насока на зајакнување на интегративноста и меѓуетничката кохабитација.

- Една од препораките е промена во начинот на избор на Претседател на државата со што би прецизирало дека за да биде избран одреден кандидат/ка за Претседател, тој/таа треба да има одреден процент гласови од сите изборни единици, вклучувајќи ги и тие каде македонските Албанци се мнозинство или се во значител број, со што би се постигнал ефект на модерација на изборната агенда на кандидатот/ката Македонец/ка, без да има формална одредба која би повлекла уставни промени и воведување на институцијата „потпретседател", наведува ЦИКП.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари