МИНИСТЕРОТ ДИМИТОРВ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА РОЈТЕРС:

Македонија ќе оди на референдум за името

Шефот на македонската дипломатија во интервјуто за агенцијата Ројтерс посочува дека прашањето за името е сложено, затоа што вклучува емоции и идентитет и потребна е национална позиција за ова прашање, која откако ќе се изгради, ќе биде ставена пред граѓаните на реферндум

Прашањето за името е многу сложено прашање кое вклучува емоции и идентитет и за негово решавање потребно е да имаме процес кој ќе создаде национална позиција. Дефинитивно за тоа прашаање ќе има референдум, истакнува министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервјуто за агенцијата Ројтерс, одговарајќи на прашањето дали Македонија некогаш би била отворена за промена на името.

Шефот на македонската дипломатија во интервјуто истакнува дека Македонија сака подобра соработка со Грција, а во тој контекст била и неговата неодамнешна посета на Атина. Тој нагласува дека на средбите во Атина предложил Грција да дозволи Македонија да се приклучи кон НАТО под привремената референца, а да продолжат преговорите за изнаоѓање трајно решение за прашањето за името.

- Мојата порака во Атина беше дека во Македонија има нов почеток и затоа ве молам да размислите каков сосед сакате да имате. Ако сакате да имате европска демократија раководена од владеење на правото, сега е моментот да ни помогнете и можеби да ни допуштите да влеземе во НАТО под привремената референца. Тоа би значело инвестирање во подобра клима каде би било можно решавање и на најголемите проблеми, вели Димитров.

Тој не очекува поместување на позициите на Грција преку ноќ, туку тоа да биде постепен процес.

Грчките медиуми го пренесоа интервјуто на Димитров како "нови обид на соседната земја (Македонија) да влезе во западните институции". Потенцираат дека "во Скопје ќе има референдум за името"

-Во меѓувреме, ПЈРМ и Бугарија се договорија за текстот на договорот за пријателство чие потпишување има за цел да ги реши историските несогласувања кои предизвикуваа тензии.

Затегнатите односи со својот голем источен сосед, со кој дели заеднички историски, културни и лингвистички врски, ги спречуваа и така замрзнатите напори на ПЈРМ за влез во НАТО и ЕУ. Сепак, клучниот проблем кој ги поткопува овие аспирации е отвореното прашање за името, пишува „Катмерини".

Во Грција се коментира дека шефот на македонската дипломатија бил „внимателен" околу можниот одговор на Грција и истакнал дека не треба да се очекува брз напредок, дека нема да постигнеме ништо преку ноќ, туку се ќе се одвива чекор по чекор.

Поврзани

Најнови вести

Коментари