РАНГИРАЊЕ НА СВЕТСКА БАНКА, IFC И PWC

Македонија четврта во светот по плаќање даноци

Македонија е рангирана на високото четврто место во светот според вкупната даночна стапка на плаќање даноци која го мери износот на даноците и задолжителните придонеси изразени како дел од комерцијална добивка. Според новиот извештај од Светската банка, IFC и PWC, Македонија доби од овие меѓународни институции вкупна оценка од 9,7% , што ја вбројува во земјите кои се пример за добра практика.

По стапката Плаќање даноци 2012", Македонија е на 20 место, пред сите земји во Источна Европа. Плаќање даноци 2012" ги вбројува сите задолжителни даноци и придонеси кои што една средни фирма мора да плати во дадена година. Стапката Даноци и придонеси" го вклучува билансот на корпоративниот данок на доход, социјални придонеси и даноците платени од страна на работодавачот, данокот на имот, сопствените трансфер даноци, дивиденда, данок на капитална добивка, данок на финансиски трансакции, собирање даноци, автомобилски и патни даноци, и други мали даноци или такси.

-Високото рангирање на Македонија во светот покажува дека подобрувањето на даночниот систем за претпријатијата е високо на агендата на Владата - изјави Лилија Бурунџук, директор на Светска банка за Македонија.

Во извештајот се наведува дека владите во светот треба да продолжат да ги реформираат своите даночни системи.


Поврзани

Најнови вести

Коментари