ФАЛА БОГУ ШТО ПОМИНА

ЛОША ГОДИНА!

Старата година заврши со првата седница за новиот пратенички состав. Со желби за конечна разврска на политичка криза и подобро утре за македонскиот народ, политичарите си ги честитаа празниците околу собраниската елка, подготвени за нови предизвици и долги дебати. Формирањето на новата Влада е првиот предизвик во македонската политика за следната 2017 година

Предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември се можеби и последниот дел од мозаикот за завршување на политичката криза која трае повеќе од две години. Кризата започна уште во 2014 година, кога опозицијата, предводена од СДСМ, одлучи да не ги признае резултатите од изборите и започна со вонистутиционални активности, одржувајќи протести, демонстрации, улични маршови и други граѓански собири, притоа не учествувајќи во работата на Собранието. Лидерот на опозицијата на Зоран Заев, кон крајот на 2014 година, во неколку наврати имаше средби со премиерот Груевски, на кој му зборуваше дека поседува компромитирачки материјали од странските служби, каде што може да се слушне за злоупотреба на власта, криминалот и корупцијата, спомнувајќи го проектот "Скопје 2014# за кој истакнуваше дека постои голема злоупотреба.

Избори: Има - па нема!

На почетокот на годинава тогашниот премиер Никола Груевски соопшти дека привремено се повлекува на функцијата претседател на Владата, која според Договорот од Пржино се формираше сто дена пред датумот за избори 24 април, кој првично беше договорен од страна на лидерите на четирите политички партии и еврокомесарот Јоханес Хан. Беше формирана Влада за спроведување на избори, предводена од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев.
На 18 јануари Собранието донесе одлука за самораспуштање за да се одржат предвремени парламентарни избори на 24 април 2016 година. "За# одлуката гласаа 72 пратеници, шест беа воздржани и еден против. Предлогот да се расправа за одлука за самораспуштање, која ќе стапи во сила одложено, од 24 февруари 2016, го потпишаа 68 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Го образложија пратениците Илија Димовски и Талат Џафери. Против овој датум беше СДСМ - една од четирите партии кои учествуваа на договорите во Пржино, додека Европската комисија оцени дека изборите се изводливи и на 24 април.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска - Ременски - и двајцата од редовите на СДСМ на 21 јануари во Собранието дадоа свечена изјава како дел од преодната влада предводена од Емил Димитриев со мандат до изборите.

И покрај апелот на американскиот амбасадор Џес Бејли сите политички партии да учествуваат на изборите кои требаше да се одржат на 24 Април, сепак, претседателот на СДСМ Зоран Заев информира дека ЦО на партијата едногласно одлучила СДСМ не учествува на изборите.
Министрите и дополнителните заменици-министри од СДСМ, кои стапија на функција согласно со Пржинскиот договор поднесоа оставки од функциите во Владата на Република Македонија.
- Собранието на Република Македонија пред полноќ, во рамки на 95. седница, со 83 гласа "за# и три "против#, ја донесе Одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија. Со неа се предвидува менување на членот 2 од веќе донесената одлука Парламентот да се распушти на 24 февруари и се бара тој датум да биде 7 април оваа година. Ако се земе предвид дека Парламентот се распушта 60 дена пред одржување на изборите, предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 5 јуни.
5 јуни, всушност, беше новиот датум за изборно соочување кој беше договорен откако пропадна првично договорениот датум.

Протести на "шарените"

Со цел надминување на политичката криза македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов на средината на април донесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата.
Оваа одлука на Иванов предизвика револт кај т.н. Шарена револуција предводена од Сорос и неговите отворени општествени организации. Руинирање, палење, уништување на институциите и огромната материјална штета беа само дел од последиците со кои се соочи Македонија по завршувањето на протестите на кои беа напаѓани полициајците.
Сите услови за оджување на изборите на 5 јуни беа исполнети, странскиот фактор потврди дека условите според договорот се реализирани, но повторно опозициската СДСМ најјави дека тие избори нема да се одржат, се додека Шефот на дрлт;авата не ја повчече одлуката за аболиција.
Заради немирите и платените протеси каде беше нарушен јавниот ред и мир претседателот Ѓорѓе Иванов ја повлече одлуката за помилување - ослободување од гонење без спроведување на постапка. Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување - ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца, истакна Иванов во обраќањето до граѓаните.
На средината на април почна мониторингот на медиумското известување за изборите и претседателот на Собранието, Вељановски, ги распиша изборите за на 5 јуни.
Еврокомесарот Хан ги повика лидерите на четирите најголеми политички партии да се вратат на преговарачка маса и со тоа беше договорена лидерска средба во Виена каде што главна цел беше да се спасува договорот од Пржино. Еврокомесарите Хан, Ховит, Кукан и Вајгл истакнаа дека ако пропадне Пржинскиот договор Македонија ќе се соочи со големи последици. Меѓутоа, и покрај тоа виенската лидерска средба, беше откажана и Европската комисија изрази жалење за што таа нема да се одржи.

Кон средината на мај ДУИ поднесе иницијатива за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Парламентот, а кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беше единствена потврдена од ДИК, од ЕК изјавија дека поради неучеството на три од четирите најголеми партии, нема услови за кредибилни избори на 5 јуни.
Собранието ги усвои измените во Изборниот законик и беше одлучено да нема избори на 5 јуни, со тоа беа констатирани оставките на техничките министри кои според Пржино беа избрани од редовите на СДСМ.
Во јули се одржа и нова меѓупартиска средба во Пржино и четирите партии потписници на Договорот од Пржино на преговорите постигнаа договор за многу прашања околу измените на законите за влада, внатрешни работи, медиуми и Изборниот законик.
Собранието на Република Македонија ги изгласа измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада, сите по скратена постапка. Овие законски измени беа договорени од страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино во насока на подготовка на одржување предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза.

Трета среќа

Во клубот на пратеници беше постигнат договор за одржуваже на изборите на 11 декември и тој датум беше донесен со согласност на лидерите на четирите најголеми политички партии.
Собранието на Република Македонија ја избра преодна Влада која ги спроведе предвремените парламентарни избори на 11 декември. Владата за спроведување на предвремените парламентарни избори на 11 декември беше во истиот состав како и за претходно договорените датуми за избори.
Беше формирано и ад хок тело кое треба да го мониторира исполнувањето на одредбите од Изборниот законик кои се однесуваат на медиумите според договореното од Пржино.
Во средината на октомври еврокомесарот Јоханес Хан беше во посета на Македонија и истакна дека е важно изборите да бидат добро подготвени и изведени на начин на кој никој не ќе може да ги критикува, но, не се се. Тие се темел за враќање на земјата на патот кон евроинтеграциите, но важно е да се работи и на имплементирање на препораките од Извештајот на Прибе, изјави тој средбите во Скопје.

ДИК го усвои Роковникот за изборите на 11 декември и претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ги распиша предвремените парламентарни избори и ги покани ги покани меѓународните организации да ги набљудуваат изборите.
Од државната изборна комисија изјавија дека е заклучен Избирачкиот список и, право на глас имаат 1.784.416 граѓани.

Партиите започнаа да ги доставуваат кандидатските листи до ДИК и на 21 ноември започна кампањата за предвремените парламентарни избори со митинзи и средби со граѓани.
На 11 декември изборите се спроведуваа според пропорционален модел во шест изборни единици со 3.480 избирачки места во Македонија и во Седмата изборна единица, која ја опфаќа дијаспората, каде што има 46 избирачки места.
Избирачкото ливче ги содржеше имињата на сите 11 коалиции и партии што имаат 58 листи со 1.092 кандидати.
Предвремени парламентарни избори во Македонија, оценка и на институциите и на партиите дека поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по затворањето на гласачките места прогласија победа на изборите.
Странските фактори беа зодоволни од изброниот ден и истакнаа дека изборите биле мирни и демократски.

ДИК излезе со официјален став дека ВМРО - ДПМНЕ победи на предвремените парламентарни избори. По донтовиот модел, партијата доби 51 пратеник, наспроти СДСМ кои имаат 49.Покрај нив, во собранието влегува и ДУИ со 10, ДПА со 2, БЕСА со 5 и Алијансата на Зијадин Села со 3 мандата.
ВМРО-ДПМНЕ со Коалцијата освои 16.240 гласови повеќе од коалицијата на СДСМ на парламентарните избори кои се одржаа вчера. ВМРО ДПМНЕ освои 452.709 илјади или 38,06 отсто, а за СДСМ бројката е 436.469 или 36,69 отсто. Разликата е 1,37 проценти.
Што се однесува до албанскиот политички блок, ДУИ освои најмногу гласови, 86.812 (7,30%). Но, на политичката сцена во Македонија меѓу Албанците се појавија уште две политички партии - движењето Беса со освоени 57.927 гласови или 4,87% и коалицијата Алијанса за Албанците (Движењето за реформи на ДПА и Унитети) кои освоија 35.091 или 2,95 отсто. ДПА освои 31.017 гласа или 2,61 отсто.
До државната изборна комисија пристигнаа 8 приговори.СДСМ и БЕСА се жалеа за неправилности во изборниот процес во втората и во шестата изборна единица.
На 17ти декември започна прегласувањето во Теарце кое течеше во мирна и демократска атмосфера со мали недостатоци. По препројувањето на гласовите од државната изборна комисија соопштија дека и по прегласувањето резултатот на мандатите останува непроменет.
Старата година заврши со првата седница за новиот пратенички состав. Со желби за конечна разврска на политичка криза, и подобро утре за македонскиот народ, политичарите си ги честитаа празниците околу собраниската елка, подготвени за нови предизвици и долги дебати. Формирањето на новата Влада е првиот предизвик во македонската политика за следната 2017 година.

Мери Ѓорѓиевска

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари